TheNorthmacedoniaTime

Шилегов за исклучувањето од СДСМ: Од почит кон починатите во Кочани, денеска ќе се воздржам од коментар

2026-03-16 - 21:07

Веста дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука за негово исклучување од партијата, поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, ја дочека за време на интервју за „Ноќно студио“ на 4TV каде што зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите. Прашан за коментар, Шилегов истакна дека во почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани нема да дава политички изјави, најавувајќи дека коментар за партиските случувања ќе има утре. Утре ќе го имам коментарот од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, порача Шилегов. Тој, освен што беше градоначалник, беше и пратеник од редовите на СДСМ, а во партијата беше и потпретседател и член на Извршниот одбор.

Share this post: