TheNorthmacedoniaTime

Уставен суд за изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

2026-03-18 - 14:54

Уставниот суд на Република Македонија денеска реагираше на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со оспорениот Закон за употреба на јазиците. Судот ги демантираше неговите наводи, оценувајќи ги како неточни информации кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Во емисијата „Дебатен агол“ на Tevë1, објавена на 13 март 2026 година, од страна на поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, беше изнесена неточна информација поврзана со предмет кој е во постапка пред Уставниот суд. Имено, беше наведено дека „некој, наводно обичен граѓанин, непознат на јавноста, поднел барање до Уставниот суд со кое се оспорува Законот за употреба на јазиците, односно дека истиот не е во согласност со Уставот и бара поништување на тој Закон. Па бидејќи ние живееме во мала држава, сите веруваат дека зад тој обичен граѓанин сигурно стои политичка партија. Сега одеднаш, по неколку години практицирање на тој Закон некој вели да го преиспитаме тој Закон, да го консултираме Уставниот суд, како и дека „Уставниот суд веќе закажал расправа за ова прашање во следните месеци и може да биде голем проблем доколку Судот го поништи тој Закон“. Уставниот суд укажува дека ваквите изјави не се точни и не кореспондираат со фактичката состојба. Имено, не станува збор за „подносител кој е непознат за јавноста”, туку за 13 иницијативи поднесени од 45 подносители, меѓу кои има и политички партии, професори, адвокати, здруженија и граѓани. Оваа информација во повеќе наврати изминатите години е јавно објавена од страна на Судот, во рамки на неговата заложба за транспарентност. Можете да ја прочитате и на следниот линк: https://ustavensud.mk/archives/31152 Судот исто така укажува дека, имајќи ја предвид сензибилизираната јавност за овој предмет, високиот степен на јавен интерес, особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации, без разлика дали се наменети за домашната или меѓународната јавност. Дополнително, прејудицирањето на одлуката на Судот, како и изнесувањето претпоставки за можните последици од одлучувањето, претставува несоодветен пристап кој може да влијае не само врз угледот на Судот, туку и врз перцепцијата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата. Уставниот суд ја информира јавноста дека во конкретниот предмет не е донесена одлука и дек“, велат од Уставен суд.

Share this post: