TheNorthmacedoniaTime

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

2026-03-19 - 13:12

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова народот би рекол: тропаат како „Максим по дивизија“. Сè одеднаш, без ред, без аргумент и без цел, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Но заради почит кон јавноста должност сме да кажеме дека партијата која 7 години ветуваше ЕУ „утре“, денес зборува за реформи кои сама не ги направи.Партијата која го урниса правосудството, денес држи лекции за владеење на право. Партијата која ја заглави државата, денес зборува за „изолација“. Наместо одговори за тоа зошто не ги реализираа реформите, зошто немаа резултати и зошто ја оставија државата без напредок кон ЕУ, СДС нуди конфузија и празни тези.

Share this post: