TheNorthmacedoniaTime

Арсовска, Глигоров и Витина изгубија спор за клевета против Ландов

2026-03-30 - 08:45

Граѓанскиот суд ја отфрли тужбата на ексградоначалничката на Скопје Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров и советничката Ирена Витина против новинарот и уредник на “Скопје1”, Кристијан Ландов. Судијата Кристијан Митревски ги одби тужбените барања како неосновани. Тројцата покренаа тужба за утврдување на одговорност за јавно поставено прашање и пренесен став за работењето и функционирањето на Град Скопје. Добро утро. Од судската постапка во Граѓански суд каде Арсовска, Витина и Глигоров ме гонеа за клевета излегувам со чист образ. Судијата Кристијан Митревски ја отфрли тужбата и тужбените барања како неосновани. Ова беше класичен обид за замолчување на новинар. Наместо одговори, добив тужба. Наместо аргументи, притисок. Судот овојпат покажа дека таквите обиди не поминуваат. Денешната одлука покажува дека институциите можат да направат јасна разлика меѓу критика и клевета, напиша Ландов по пресудата. Предметот се судеше повеќе од година, а тужбата беше покрената додека тие беа носители на јавни функции. Предметот беше следен од ЗНМ и Коалицијата за правично судење.

Share this post: