TheNorthmacedoniaTime

Дал пари за возачка дозвола, откако не ја добил, пријавил во полиција дека е измамен

2026-03-22 - 11:34

Државјанин на Турција пријавил во полиција во Гостивар дека дал пари од 2.000 евра за неговата сопруга да добие возачка дозвола, но бил измамен и не ја добил ниту дозволата, ниту парите. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 21 март во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Турција пријавил дека бил измамен од А.И. за сума од 2700 евра. „Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола. Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту да му ги врати парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочуваат од МВР.

Share this post: