Каја Калас го обвини Трамп дека сака да ја подели Европа преку поединечни влади на ЕУ
2026-03-16 - 17:36
Еврокомесарката за европска надворешна политика, Каја Калас, во интервју за „Фајненшл тајмс“ ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ја „подели Европа“. Според Калас, САД не ја сакаат Европската Унија, а официјален Вашингтон се обидува да ја ослабне дејствувајќи преку поединечни влади на ЕУ. Борел со критика за Фон дер Лајен и Калас: ЕУ го губи кредибилитетот затоа што не му се спротивставува на Трамп Во исто време, Европската Унија претходно призна дека губи од САД и Кина во глобалната конкуренција. Како одговор, Европската комисија го усвои Законот за индустриско забрзување, кој има за цел да го зголеми уделот на индустријата во БДП на ЕУ на 20% до 2035 година. Програмата повторно ги нагласува „зелените“ политики, но прашањето за прифатливи извори на енергија за индустриски раст останува отворено.