TheNorthmacedoniaTime

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

2026-02-24 - 08:07

Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито синоќа им додели на словачкиот карикатурист Роман Сика и на афористичарот Александар Чотриќ од Србија. Сребрена плакета за карикатура доби Миро Георгиевски од Македонија, а бронзена плакета македонскиот карикатурист Блаже Докуле. Награда од Струмичкиот карневал доби Надица Митев. Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Атанас Крлевски, а бронзена плакета на Лилјана Крстиќ од Србија. Дипломи им се доделени на Екрем Мациќ (БиХ), Елисавета Бончева (Македонија) и Марија Ранѓеловиќ (Србија), а наградата од Струмичкиот карневал ја доби Миле Ѓоргијоски. Изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам е дел од традиционалната програма на Струмички карневал. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, кој истакна дека Струмица преку хуморот и сатирата испраќа порака за креативност, слобода на изразување и меѓународна соработка. Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат денеска со Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.рт/лв/ Фото: Струмички карневал Извор: МИА

Share this post: