Нека овој светол празник ви донесе нова енергија, надеж и верба за подобро утре, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам
2026-03-20 - 08:32
Почитувани сограѓани, По повод Рамазан Бајрам, ви упатуваме најискрени честитки со желби за здравје, радост и спокој во вашите домови. Нека овој светол празник ви донесе нова енергија, надеж и верба за подобро утре, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам. Рамазан Бајрам е време кога се потсетуваме на вистинските вредности, а тоа се добрината, дарежливоста и почитта кон секој човек. Тие вредности нека не водат во секојдневието и нека ни помогнат да создадеме посилно и похумано општество. Да продолжиме да градиме мостови на разбирање, да си подадеме рака кога е најпотребно и да негуваме заедништво кое не прави посилни како заедница. Нека празничните денови бидат исполнети со топлина, љубов и убави моменти со најблиските. Честит Рамазан Бајрам!, се вели во честитката.