TheNorthmacedoniaTime

Се засилува заканата од војна меѓу САД и Иран

2026-01-29 - 09:44

Заканата од војна меѓу САД и Иран изгледа дека се засилува уште повеќе откако Доналд Трамп им порачал на иранските власти дека времето истекува и дека воени сили се движат брзо кон земјата „со голема моќ, ентузијазам и цел“, пренесува „Гардијан“. Пишувајќи на социјалните мрежи, американскиот претседател во средата изјави дека флотата, предводена од носачот на авиони USS Abraham Lincoln, е поголема од онаа што била испратена кон Венецуела пред отстранувањето на Николас Мадуро претходно овој месец и дека е „подготвена брзо да ги изврши своите мисии“. Трамп напиша: „Се надеваме дека Иран брзо ќе ‘седне на маса’ и ќе преговара за фер и правичен договор, без нуклеарно оружје, договор што е добар за сите страни. Времето истекува, навистина е од суштинско значење. Како што му кажав на Иран и претходно, направете договор! Следниот напад ќе биде далеку полош! Не дозволувајте тоа да се случи“, напиша тој. Ова беше најјасниот досегашен показател од Трамп дека има намера наскоро да започне некаков воен удар доколку Иран одбие да преговара за договор околу иднината на својата нуклеарна програма.

Share this post: