TheNorthmacedoniaTime

На Универзитетот во Тетово денеска продолжува јавната дебата за новиот предлог Закон за високо образование

2026-02-25 - 09:36

На Универзитетот во Тетово, денеска (среда) во 13 часотќе се одржи јавна дебата за новиот предлог Закон за високо образование, на која ќе присуствуваат и претставници на Универзитетот на Југоисточна Европа, соопштија од Министерството за образование и наука. На дебата ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Досега јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во Македонската академија на науките и уметностите и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Законот за високото образование и законот за квалитет во високото образование се поставени на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а засегнатите може да праќаат коментари и на двете е-адреси на МОН за двата предложени закона. На ЕНЕР од саботата е поставен и текстот на новиот закон за научноистражувачка дејност. Министерката Јаневска соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законите ќе бидат исправени. Сите аргументирани забелешки за кои работната група смета дека се прифатливи, рече таа, ќе бидат внесени во предложениот текст и потоа тој ќе остане уште неколку дена на ЕНЕР пред да оди во владина процедура.

Share this post: