Само јаболка и какао, без шеќер
2026-02-26 - 08:47
Потребни состојки за тортата: – Слатки јаболка: 4 средни (околу 600g) – Јајца: 4 големи – Какао: 5 лажици (35g) – Прашок за печиво: 1 лажичка – Маслиново масло: за премачкување на калапот Подготовка на тортата: Загрејте ја рерната на 180°C. Исчистете ги јаболката од семки, излупете ги и исечете ги на средно големи парчиња. Ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса. Додајте ги јајцата, па измешајте. Потоа додајте го какаото и прашокот за печиво и мешајте додека целосно не се соединат. Силиконскиот калап премачкајте го со маслиново масло, смесата истурете ја во калапот и печете околу 45 минути или додека стапче забодено во средината не излезе суво. Нека се олади во калапот 10 минути пред да се сервира.