Дали некогаш сте посакале да го почуствувате духот на Виена… без да го напуштите Скопје?
2026-03-19 - 17:44
Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност, велат од Национална опера и балет. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за себе. Момент во кој ќе застанеме, ќе здивнеме и ќе почувствуваме нешто вистинско. И, токму тука најчесто губиме, заборавајќи колку ни е потребна уметноста за да се свртиме кон себе. Ве покануваме на АВСТРИСКА ВЕЧЕР НА КАМЕРНА МУЗИКА, под покровителство на Австриската Амбасада во Скопје, настан кој претставува посебно искуство. Македонска опера и балет (Фоаје) 26 март 19:30 часот ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН (настанот е достапен за сите љубители на уметноста); Ќе настапи квартетот „Контрастрингс“ од Виена, а на кларинет Ана Памер, млади, врвни музичари кои комбинираат класична музика, на емотивен и современ начин. Слични настани во Европа се распродаваат недели однапред. Овојпат, за нашата публика, овој настан е подарок. Ве очекуваме заеднички да уживаме во оваа посебна вечер!