Утре дожд, од петок пролет
2026-03-04 - 11:07
Времето утре ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната максимална температура ќе достигне до 18 степени.
Share this post: