TheNorthmacedoniaTime

Украински разузнавач: Зеленски ја финасира опозицијата во Унгарија, станува збор за пет милиони евра неделно

2026-03-30 - 09:24

Поранешен припадник на украинските разузнавачки служби, кој пребегал во Будимпешта изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја финансирал унгарската опозиција во готово. Според него, станува збор за милиони евра неделно. Украинскииот разузнавач, под услов на анонимност, за телевизискиот канал „Тенек“ открива информации за редовни испораки на големи количини готовина што Зеленски ги испраќал до унгарската опозициска партија „Тиса“. Унгарија запленила две возила кои пренесувале милиони евра, долари и злато од Австрија во Украина Според него, парите биле наменети за политичарот Петер Маѓар и неговата кампања. Станува збор за износ од 50 милиони евра, кој, како што се тврди, е префрлен од ноември минатата година. Изворот ја опишува и шемата за испорака: вакуумски спакувани банкноти од 100 евра пристигнуваат од Италија преку Австрија и се транспортираат во црна торба „Најк“. Тие транспортираат пет милиони секоја недела“, вели тој. Сијарто бара одговор од Киев: Зошто преку Унгарија биле префрлени 900 милиони долари и 420 милиони евра во кеш Телевизискиот канал не го откри неговото име, неговото лице беше скриено, а гласот му беше променет од страв од прогон од страна на украинските разузнавачки служби.

Share this post: