Во Македонија повторно се зборува за кошарка
2026-03-03 - 13:58
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ верува дека вчерашната победа (78:70) над Азербејџан на гостински терен ќе биде доволна да се поминат претквалификациите. – Ова е исклучително важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво и мораме тоа да го докажеме на теренот. Влеговме во грч, не отворивме како што посакувавме, едноставно ни недостасуваше енергија. Од друга страна, домаќинот, понесен од поддршката од трибините, почна силно, агресивно и брзо направи висока предност. Како што одминуваше времето, се навикнавме на играта, го свртевме резултатот во наша корист и ние го диктиравме темпото. Да бидам искрен, малку опуштено влеговме во мечот. Можеби не залажа фаворитската улога и убедливата победа на домашен терен, но добро е кога добро ќе се заврши. Се надевам дека ова е клучна победа во овие претквалификации и дека конечно ќе продолжиме напред, изјави Мекиќ. За македонската репрезентација ова беше четврта победа во исто толку натпревари во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година