TheNorthmacedoniaTime

Делчево уредува парк во чест на Илчо Гоцевски

2026-03-16 - 20:17

Делчево се сеќава и оддава почит на својот сограѓанин Илчо Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој утрото на 16 март беше на првата борбена линија за спас на животите на повредените млади од дискотеката „Пулс“. По 40-часовната напорна и трауматична работа, тој почина еден ден по трагедијата, на 17 март, во својот дом. Сопругата на Иле Гоцевски: Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг Гоцевски возел 11 пати за Клиничкот центар за Скопје и помагал и во пронаоѓање и препознавање на повредените деца. Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска да го чуваме споменот на неговото дело, како сведоштво на „херојот од нашето маало“- кој спасувал животи, а неговото име да остане запаметено како потсетник за вредностите кои ги носеше, хуманост, професионализам, пожртвуваност. Во негова чест, на влезот на Итната медицинска помош во Делчево ќе се постави спомен-плоча, а во дворот на Здравствениот дом се подготвува парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе. Паркот е симбол на благодарност и почит кон неговата хуманост. Со подигнувањето на овој парк, Делчево испраќа порака дека вистинските херои се луѓето кои со својата добрина и професионалност оставаат траен белег во општеството. Во паркот ќе има неколку содржини, а ќе се засадат и садници и цвеќиња, а ќе биде поставена и урбана опрема“, порача градоначалникот Иван Гоцевски. Во акцијата се вклучија и ученици од основните училишта кои испратија и свои пораки за најголемата трагедија во Македонија во поновата историја во која загинаа 63 млади луѓе.

Share this post: