TheNorthmacedoniaTime

Вечерва концерт на студентите во чест на нивната професорка Сара Пројковска

2026-03-16 - 09:56

Студентите по корепетиција практика вечерва во 20 часот во концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ќе одржат концерт во чест на нивната професорка Сара Пројковска-Николовска, која почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денес навршува точно една година од немилиот настан во кој животот го изгубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Студентите ќе ја изведат Музика вива оп. 60 бр. 3. Сара Пројковска-Николовска е родена на 30 декември 1977 година во Скопје. Нижото и средното музичко образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на одделот за пијано. Својата академска и професионална кариера ја продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што магистрираше, а потоа и работеше како вонреден професор на Катедрата за клавишни инструменти и харфа.

Share this post: