TheNorthmacedoniaTime

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

2026-03-16 - 15:48

Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, се наведува во соопштението на СДСМ. Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата. Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи. Потребно е итно воведување на мерките. Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна“, се вели во партиското соопштение на СДСМ. Од партијата велат дека веќе имаат предлог-законски решенија и мерки кои почнувајќи од утре ќе ги поднесат во Собранието.

Share this post: