TheNorthmacedoniaTime

Комплетиран регуларниот дел од сезоната во Првата женска одбојкарска лига

2026-03-22 - 10:13

Во последниот натпревар од 18. коло со кој е заокружен регуларниот дел од сезоната во Првата женска одбојкарска лига, Пелистер Волеј со 3:0 (25:17, 27:25, 25:22) го совлада Вардар со што се познати осумте екипи кои ја продолжуваат битката за титулата. Пласман во четвртфиналето на плејофот како првопласирана екипа во регуларниот дел обезбеди Наковски волеј, заедно со Младост УГД, Работнички, Јанта волеј, Газели волеј, Пелистер, Вардар и Струмица. Деветтопласираниот Фит Фан волеј ќе игра бараж за опстанок со вториот најдобар тим од Втората лига. Прволигашкиот статус го загубија одбојкарките на Уксана кои го завршија регуларниот дел од сезоната без освоен бод.

Share this post: