„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
2026-03-07 - 10:57
Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека по краткиот прекин на летовите, ги продолжува летовите до и од Дубаи. Националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати претходно објави дека ги суспендира сите летови до и од Дубаи до понатамошно известување. Привремениот прекин на летовите беше поради известување за ирански воздушен напад на Меѓународниот аеродром во Дубаи. „Емирати“, најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, моментално извршува ограничен број летови од Дубаи и Абу Даби преку безбедни воздушни коридори.
Share this post: