Рубио изјавил дека САД не го таргетирале Хамнеи и не барале промена на режимот во Иран
2026-03-02 - 19:57
Aмериканскиот државен секретар, Марко Рубио, во разговор со конгресменот Мајк Тарнер изјавил дека американската војска не делувала за да го елиминира раководството на Иран, вклучително и врховниот лидер Али Хамнеи. Според Рубио, американскта цел не била да се елиминира власта во Исламската република. Тој јасно стави до знаење: „Ние не го таргетиравме Хамнеи, ние не го таргетиравме конкретно иранското раководство“, рече конгресменот. Тарнер вели дека е „клучно важно“ да се разбере дека САД „не бараат промена на режимот“. САД напаѓаат ирански воени цели“, уверува тој.
Share this post: