Поради невреме некои патишта во Хрватска се затворени за сообраќај
2026-03-27 - 10:04
Силното невреме не го погоди само Загреб, исто е и низ цела Хрватска, па затоа некои делови кон брегот се целосно затворени, објави Хрватскиот автоклуб. На брегот дува силен ветер, а движењето на одредени групи возила, камиони и трактори со полуприколки е забрането на патиштата во Горски Котар и Лика. Некои државни патишта се затворени за секаков сообраќај. Поради честите сообраќајни несреќи, ХАК ги повикува возачите да ја прилагодат брзината и стилот на возење на временските услови, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата, да не тргнуваат на пат без зимска опрема или, доколку е можно, да го одложат патувањето додека не се смири временската состојба.
Share this post: