TheNorthmacedoniaTime

„Њузвик“: Војната со Иран е уште еден удар на Трамп врз американските земјоделци

2026-03-12 - 20:07

Војната со Иран претставува уште еден удар врз американските земјоделци, анализира „Њузвик“ Според медиумот, се бележи 44% пораст на цените на уреата во САД, која доаѓа до 683 долари за тон. Причина за наглиот пораст на цената на ѓубривата е блокирањето на Ормутскиот Теснец и прекинувањето на производството во земјите од Персискиот Залив, наведува американскиот „Њузвик“. Војната на Блискиот Исток е сериозен притисок врз пазарот на ѓубрива во светот пред сезоната на садење Дополнително, зголемувањето на цените на дизел горивото за 22%, во услови на глобална енергетска криза, ги зголемува трошоците од бербата до транспортот на готовите производи до супермаркетите. Конфликтот во Иран стана уште еден катастрофален настан со кој се соочуваат земјоделците откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Претходно, како резултат на царинските војни на САД, синџирите на снабдување беа нарушени, а цените на ѓубривата почнаа да растат уште пред да почне војната со Иран. Бројот на банкроти на земјоделски производи во споредба со 2024 година е зголемен за 46%, а ситуацијата ќе се влоши уште повеќе, нагласува „Њузвик“.

Share this post: