Протекоа податоци на корисниците на Телеком Србија, сторителите ја уценувале компанијата
2026-03-17 - 14:23
Компанијата „Телеком“ од Србија, денес соопшти дека дошло до кражба на помал дел од податоците од нејзината корисничка база, која се однесува на услугите за сателитска телевизија “m:SAT tv”. Компанијата го пријавила случајот, а сторителите засега не се идентификувани. Загрозените податоци вклучуваат имиња на корисниците, нивни адреси на живеење, датуми на раѓање, телефонски броеви и идентификациски броеви (ЈМБГ), пренесува „Н1“. „Со оглед на тоа што сторителите не контактираа со цел да нè уценуваат, комуникацијата со нив се водела во координација со МВР и според нивни инструкции, за сторителите да бидат што побрзо идентификувани и пронајдени“, се наведува во соопштението на компанијата. Според информациите од Телeком, тие интензивно работат со полицијата на откривање на сторителите, а безбедноста на телекомуникациските сервиси не е загрозена и сите услуги се обезбедуваат непречено. Веб-сајтот dailydarkweb.net објави дека државната компанија „Телеком“ Србија, „претрпела кршење на безбедноста на податоците кое погодило 160.000 кориснички записи“. „Неидентификувани сторители неодамна ја објавиле базата на податоци на интернет, тврдејќи дека информациите се украдени од внатрешниот портал на компанијата“, се наведува на сајтот.