Европол разби криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
2026-02-10 - 15:39
Меѓународна криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд е разбиена во заедничка операција на полициите на Исланд, Литванија и Шпанија, со поддршка на Европол и Евроџаст, соопшти денеска Европол. Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со дрога, се наведува во соопштението. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени се 24 лица од кои 11 во Исланд, шест во Литванија, четири во Шпанија, две во Белгија и едно во Данска.
Share this post: