Иран се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи да ја напаѓа иранската енергетска инфраструктура
2026-03-08 - 21:27
Иранската армија се закани дека ќе ги нападне нафтените постројки во регионот и во Израел ако Израелците и Американците продолжат со нападите врз енергетската инфраструктура на Исламската Република. Владите на исламските земји мора што поскоро да ја предупредат криминалната Америка и дивјачкиот ционистички режим против ваквите кукавички и нечовечки постапки. Во спротивно, ќе бидат преземени мерки во регионот. И ако можете да си дозволите нафта по цена од над 200 долари за барел – продолжете со оваа игра“, предупреди Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.
Share this post: