TheNorthmacedoniaTime

Победи за кошаркарите на МЗТ Скопје и Пелистер

2026-03-16 - 21:26

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер постигнаа победи на дуели од 19. коло од МТел Супер лигата. Првакот МЗТ Скопје Аеродром го совлада Тиквеш со 88:85, додека Пелистер беше подобар од Гостивар со 93:88. Првакот МЗТ Скопје А. потешко од очекуваното дојде до победата, а првиот и последниот период завршија нерешено, додека вториот им припадна на домашните со два разлика, а третиот со еден поен. Најефикасен кај победникот беше Мек Смит-Меквен со 18 поени, а ист број поени кај Тиквеш постигнаа Парсонс и Хоукинс. На дуелот во Битола Пелистер на полувреме поведе со 55: 39, а Гостивар до крајот на дуелот ја намали убедливата предност на ривалот. Најефикасен на дуелот беше Кевин Дејвис од Пелистер со 26 поени. Последниот натпревар од 19.коло меѓу МКК Куманово и ТФТ се игра во петок, поради настапот на скопската екипа во АБА 2 лигата. Табела: МЗТ Скопје А. 36 бодови,ТФТ 34, Пелистер 33, Маџари 29, Кожув 29, Чаир 28, МКК Куманово 27, Тиквеш 27, Работнички 26, Феникс 26, Гостивар 23, Ангели 20.

Share this post: