Тудор на клупата на Тотенхем, ќе го крене ли од дното?
2026-02-14 - 15:28
Хрватскиот тренер Игор Тудор ја даде првата изјава по неговото назначување за главен тренер на Тотенхем. Спарс денес го промовираа 47-годишниот тренер како нивни предводник до крајот на сезоната 2025/26. Се очекува Тудор да го спаси Спарс од испаѓање. – Голема чест ми е да се приклучам на овој клуб во важен момент. Ја разбирам одговорноста што ми е доверена, а мојата цел е јасна: да постигнеме поголема стабилност во нашата игра и да се бориме со самодоверба во секој натпревар, изјави Тудор за клупскит сајт. Хрватот, исто така, го истакна потенцијалот на тимот што го презема. – Во овој состав има квалитетни фудбалери, а мојата работа е да ги организирам, да им ја вратам енергијата и брзо да ги подобрам нивните резултати, додаде тој. Последна работа на Тудор беше во Јувентус. Претходно тој беше тренер и на Лацио, Марсеј и Верона. Тудор го замени данскиот тренер Томас Франк во Тотенхем, кој беше отпуштен на 11 февруари по само неколку месеци по неговото поставување. По 26 кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 16. место со 29 бода.