Пијан маж од струшко уапсен при обид да опожари сува трева и грмушки
2026-03-27 - 12:54
Уапсен 52-годишен маж од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки. Од МВР информираат дека вчера во 13:30 часот на патот Струга – село Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода С.Д.(52) од Калишта. Тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. „По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.
Share this post: