TheNorthmacedoniaTime

Кадриу нема да се извини, ќе ја чека тужбата од Бубевски

2026-02-12 - 16:28

По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски во врска со изјавите на адвокатката Лејла Кадриу дека влијаел на судски одлуки, денеска со соопштение се огласи и обвинителката Елизабета Јосифоска. Таа наведува дека на нејзина сметка Кадриу изнела низа невистини, лаги и клевети во однос на нејзиното постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство и за работењето на целото Специјално јавно обвинителство. Јосифовска и Бубевски побараа Кадриу јавно да се извини, а во спротивно се заканија со тужба. Од друга страна, Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување. Не гледам основ кога сум изнела факти хронолошки и професионално. Ако за нив вистина е навреда тоа е веќе нивен проблем, не мој.

Share this post: