TheNorthmacedoniaTime

Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти

2026-03-20 - 09:04

Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани, порача премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во честитката по повод Рамазан Бајрам. Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање. Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание. Со искрени желби за здравје, напредок и благодет!, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

Share this post: