Погледнете го првиот гол на Елмас за Наполи сезонава
2026-03-07 - 08:37
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се запиша во листата на стрелците синоќа на натпреварот против Торино во Неапол во 28. коло од Серија А. За Елмас ова е прв гол во дресот на Наполи во сезоната 2025/26. Наполи поведе во првото полувреме со голот на Алисон Сантос, Елмас зголеми во вториот дел, а Торино пред крајот успеа да намали на 2:1 преку Касадел. Наполи има собрано 56 бода и се наоѓа на 3. место во поредокот. Пред него се Милан со 57 и Интер со 67 бода. Тимовите од Милано имаат и натпревар помалку.
Share this post: