Ирански медиуми: САД и Израел нападнаа болница во Техеран
2026-03-01 - 20:47
Иранските медиуми објавија дека болницата „Ганди“ во северен Техеран била цел на воздушни напади на САД и Израел. „Болницата „Ганди“ во Техеран беше нападната од ционистичко-американски воздушни напади“, според медиумите. Новинските агенции „Фарс“ и „Мизан“ објавија видео, наводно од внатрешноста на објектот, на кое се гледаат остатоци на подот меѓу празните инвалидски колички.
Share this post: