Работнички го победи Башкими, реми на Пелстер и Силекс во Кратово
2026-03-16 - 16:58
Попладнево се одиграа последните два дуела од 23.коло од Првата фудбалска лига, а вредна победа во борбата за опстанок постигна Работнички на гостувањето кај Башкими со 2:1. Во другиот натпревар, Силекс и Пелистер во Кратово одиграа без голови 0:0. Работнички поведе во 11.минута преку Сухејљ Муарем во 11.минута, а предноста ја зголеми Мартин Талков во 73.минута. Голот за Башкими го постигна Емануел Аворнио во 79.минута. „Романтичарите“ со новите три бодови имаат 19 и се на претпоследното место на табелата со три помалку од Пелистер, кој со бодот освоен во Кратово сега има 22 бода. Кратовци по четвртото реми сезонава останаа на четвртото место на табелата со 40 бодови.
Share this post: