TheNorthmacedoniaTime

Од утре заладување, облаци и дожд

2026-03-16 - 12:08

По убавите пролетни денови во изминатите две седмици, од утре до петок целата територија на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклон од Јонското Море. Температурите ќе се спуштат за неколку степени, а максималните дневни ќе бидат до околу 12 степени. Повеќе ќе има облаци, отколку сонце, а повремено ќе врне и локален дожд, додека на планините се очекуваат и врнежи од снег. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно, со мали сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а температурите позначително ќе се намалат. Метеоролозите најавуваат и засилен северен ветер, што дополнително ќе го засили чувството на студ. Според прогнозите, стабилизирање на времето и постепено затоплување се очекува дури кон крајот на работната недела.

Share this post: