TheNorthmacedoniaTime

Иван лежел со приклештени нозе во „Пулс“

2026-01-26 - 21:51

Сведокот Иван Данаилов, кој кобната вечер бил гостин во дискотеката, објасни од лично искуство што се случувало во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот – настанало стампедо и се чувствувал мирис на чад, а на скалите пред излезот од притисокот еден пред него паднал по што сите се струполиле и следно на што се сеќава е како лежи со приклештени нозе и бара помош. Тоше Трендафилов, еден од повредените, раскажа како паднал на колена во метежот, бил газен и туркан, а двајца негови другари успеале да го извлечат надвор. Тој сведочеше дека претрпел сериозни повреди на раката, вратот и ушите за кои била потребна хируршка интервенција и дека и денес се соочува со болки и несоница. Кристијан работел во „Пулс“ како келнер: Не бил вработен, газда Деко му давал пари во кеш Во судницата сведочеше и Мартин Китанов, кој раскажа дека при пожарот настанал хаос, се чувствувале топлина и чад, а на главната врата имало паднати луѓе. Како што посочи, тој се сопнал, паднал и бил притиснат од повеќе лица губејќи здив и надеж, но се сетил на своите две деца и добил сила да продолжи да дише, додека пожарникари и други луѓе се обидувале да го извлечат сè додека едно момче, конечно, не успеало да го извлече до скалите.

Share this post: