TheNorthmacedoniaTime

Почна со работа филмското катче „Фино кино“: Интимниот простор има соодветно платно за филмски проекции и висококвалитетен аудио сараунд-систем

2026-03-21 - 10:03

Во новиот простор на приватниот културен центар „Лабораториум“, што се наоѓа во зградата на ССМ во Скопје почна со работа филмското катче „ Фино кино“. Стартот бешее во 19 часот со проекција на филмот „ Нов бран“ на режисерот Ричард Линклејтер. Истата вечер од 21 часот се одржа проекција на филмот „ Млади мајки“ во режија на браќата Дарден. Филмот беше награден на Канскиот филмски фестивал за најдобро сценарио. Нашата идеја е создавање на непретенциозно „џепно“ артхаус кино и нова културна платформа со внимателно курирана програма – иницијатива за која се надеваме дека ќе се претвори во жива неформална заедница, со филмската уметност во својот фокус. Интимниот простор на „Фино кино“ има соодветно и стандардизирано платно за филмски проекции (silver screen), а опремено е и со висококвалитетен 5.1 аудио сараунд-систем, велат од културниот центар „ Лабораториум“. Фино Кино се наоѓа во новиот простор на Лабораториум, на адреса: Булевар 12-та Македонска Бригада 2а, во склоп на зградата на Сојузот на синдикатите. Филмот „Нов бран“ ќе биде прикажан и на 22 март од 20 часот. На програмата е и анимираниот филм „Арко“, кој имаше номинација за Оскар. Тој ќе биде прикажан на 21 март од 12 часот и на 22 март од 18 часот. Од „ Лабораториум“ најавуваат по најмалку четири филмски проекции неделно.

Share this post: