Мицкоски се сретна со преставници на нафтената индустрија
2026-03-05 - 17:07
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски се сретнал со преставници на нафтената индустрија во Македонија. Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби, објави на социјалните медиуми Мицкоски.
Share this post: