Воз излета од шините поради лавина во Швајцарија, се претпоставува дека има повеќе повредени
2026-02-16 - 09:20
Воз излета од шините утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми. Во тек е спасувачка акција. Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало 80-ина патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис Ер-те-ес.
Share this post: