Серхио Рамос со уште неколкумина ќе ја купат Севиља
2026-01-26 - 15:21
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос, и група инвеститори што тој ги предводи, се согласија да ја купат Севилја. Според „Карусел Депортиво“, договорот е вреден приближно 400 милиони евра. Триесет и деветгодишниот Шпанец ќе стане претседател на клубот од каде што доаѓа. Рамос играше за сениорскиот тим на Севилја од 2004 до 2005 година и во сезоната 2023/24. Тој играше и за Реал Мадрид, ПСЖ и Монтереј. Фудбалерот е слободен агент од декември минатата година. По 21 натпревар од оваа сезона во Ла Лига, Севилја е на 10. место на табелата со 24 бода.
Share this post: