TheNorthmacedoniaTime

Магла на патот Попова Шапка – Лисец

2026-02-07 - 17:29

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози, информираат од ЈП „Македонијапат“. Поради појава на магла, на патниот правец Попова Шапка – Лисец е забележана намалена видливост до 100 метри. Од „Македонијапат“ предупредуваат дека на одредени делници кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Оттаму апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и брзината на движење да ја прилагодат на условите на патот.

Share this post: