Вучиќ во ненадејна посета на Емиратите: Србија сака да продолжи да развива сеопфатна соработка со ОАЕ
2026-03-22 - 20:45
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, допатува во ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во врска со посетата, Вучиќ порача дека Србија сака да продолжи да развива сеопфатна соработка со ОАЕ Во неколкучасовна, ненадејна, но важна посета на Обединетите Арапски Емирати. Особено сум благодарен на претседателот на ОАЕ што ме чекаше и ме испрати на аеродромот, со што покажа големо почитување кон нашата земја“, објави српскиот претседател. Тој наведе дека за време на средбата со шеикот Мохамед бин Зајед, уште еднаш изразил „најсилна осуда на нападот врз ОАЕ, со целосна солидарност на Србија со пријателскиот народ на Емиратите“. Србија сака да продолжи да развива сеопфатна соработка со ОАЕ, од инвестиции и енергија до нови технологии и развојни проекти, но и да го зачува политичкиот дијалог на највисоко ниво, што е од најголема важност во вакви времиња“, додава Вучиќ.