TheNorthmacedoniaTime

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел

2026-03-21 - 19:24

Околу 20 лица се повредени во напад со балистичка ракета врз градот Димона во јужен Израел, соопшти Израелската служба за итни случаи. Службата „Маген Дејвид Адом“ преку Телеграм објави дека нивните болничари лекуваат 10-годишно момче и 40-годишна жена кои се здобиле со умерени повреди од шрапнели. Помош им е укажана и на други повредени лица на местото на нападот. Димона е град на југот на Израел, каде што се наоѓа главната нуклеарна централа на земјата. Објектот во Димона, изграден во 60-тите години на минатиот век со помош на Франција, се смета за клучен за политиката на Израел за нуклеарна двосмисленост. Се верува дека произведува плутониум за непријавена програма за нуклеарно оружје, чиј арсенал се проценува на 80 до 400 боеви глави. Извор: МИА

Share this post: