TheNorthmacedoniaTime

Маџари до триумф против МКК Куманово

2026-02-01 - 19:38

Кошаркарите на Маџари остварија победа во последниот натпревар од 13.коло од МТЕЛ Супер лигата откако вечерва го совладаа МКК Куманово со 94:78. Ова беше четврта победа за Маџари на последните пет натпревари, додека кумановчани го претрпеа третиот пораз на последните четири натпревари. Домашниот тим имаше водство во текот на целиот натпревар, а гостите најблиску беа кога на почетокот на вториот период Маџари водеше со 32:31. Сепак избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ заслужено стигнаа до победата. Табела: ТФТ 25 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 24, Пелистер 22, МКК Куманово 20, Маџари 20, Кожув 20, Работнички 18, Феникс 18, Тиквеш 18, Чаир 18, Гостивар 16, Ангели 14.

Share this post:
Маџари до триумф против МКК Куманово | TheNorthmacedoniaTime