Леброн и Дончиќ убедливи на гостувањето во Голден Стејт
2026-03-01 - 16:58
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс оставри убедлива победа на гостувањето кај Голден Стејт со 129:101. Предводници во убедливиот триумф беа словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој постигна 26 поени, со шест скокови и осум асистенции, додека ветеранот Леброн Џејмс постигна 22 поена со седум скокови и девет асистенции. Уште три други кошаркари на „езерџиите“ имаа двоцифрен број поени. Победата ЛА Лејкерс ја најавија во првиот период кога стигнаа до двоцифрена предност (33:20). Голден Стејт настапи ослабен без Стеф Кари, Џими Батлер и Кристопанс Порзингис. Резултати на ноќешните натпревари: Шарлот – Мајами 109:93, Мајами – Хјустон 115:105, Јута – Њу Орлеанс 105:115, Голден Стејт – Лос Анџелес Лејкерс 101:129 и Вашингтон – Торонто 125:134.