TheNorthmacedoniaTime

Вербална војна меѓу Вашингтон и Берлин: Трамп му одговори на германскиот канцелар Мерц

2026-03-28 - 14:24

Американскиот претседател Доналд Трамп упати критики до германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој претходно изјави дека претседателот на САД со своите дејствија го ескалира конфликтот на Блискиот Исток, пренесе ДПА. Алудирајќи на Мерц, Трамп синоќа повторно ја прекори Германија за недостигот на поддршка за Вашингтон во обезбедувањето на Ормуската Теснина. За време на говорот на форумот во Мајами, Флорида, Трамп најпрво ги нападна сојузниците во НАТО, по што конкретно се осврна на Германија. – Фридрих, канцеларот на Германија, рече: ’Ова не е наша војна‘. Во Украина не е наша војна, но ние им помагаме на Украинците – изјави претседателот на САД. Размената на реплики меѓу Вашингтон и Берлин се заостри во последните денови, посочува ДПА. Трамп во четвртокот истакна дека смета за „несоодветно“ високи германски претставници да велат дека војната со Иран „не е нивна“. На инвестицискиот форум во Мајами, американскиот шеф на државата нагласи дека САД веќе „не се должни да го поддржуваат НАТО“. – Секогаш ќе бевме покрај нив, но сега, со оглед на нивните постапки, претпоставувам дека тоа веќе не е потребно, нели? – изјави Трамп.

Share this post: