Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ Драган Даутовски
2026-03-25 - 07:53
Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите Драган Даутовски денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање. Предавањето на Даутовски е насловено „Топчестата глинена флејта од Македонија – праисториски музички инструмент“. Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ. Во музичкиот дел од настанот ќе настапат Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“ и ученици од насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје.
Share this post: