Фицо до европските лидери: Интересите на членките на ЕУ мора да бидат пред интересите на Украина
2026-03-17 - 09:47
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, истакна дека словачката влада не може да ја прифати едностраната и штетна одлука на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“. Фицо нагласи дека очекува лидерите на ЕУ да извршат притисок врз украинското раководство за да продолжи протокот на нафта. Оваа изјава доаѓа по неговиот телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во рамките на подготовките за самитот на лидерите на ЕУ во Брисел на 19 и 20 март. Го ценам тоа што значителен дел од нашиот речиси 45-минутен разговор го посветивме на прашањето за обновување на работата на гасоводот ’Дружба‘ на украинска територија. Словачката влада не прифаќа ваков потег и очекува ЕУ да изврши притисок врз Киев за обновување на протокот на руска нафта, чиј увоз е одобрен до крајот на 2027 година“, изјави Фицо. Словачкиот премиер истакна дека во разговорот нагласил дека ЕУ не смее да им дава приоритет на интересите на Украина пред интересите на земјите членки, како што се Словачка или Унгарија. Исто така, изразив незадоволство од фактот што Европската комисија сè уште не претставила никакви конкретни предлози за намалување на цените на електричната енергија, како што повеќепати бараа премиерите и шефовите на државите членки на ЕУ“, додаде Фицо.