Без победник заврши дербито Охрид – Алкалоид
2026-03-14 - 20:46
Нерешено 28:28 заврши дербито на второто коло во плејофот на македонскиот ракометен шампионат. Двете екипи се менуваа во водство, највисокото го имаше гостинот од Скопје – три разлика. По овој исход Охрид останува трет со 40 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер на третото место. Тимот од Автокоманда има 36 бода и е четврти на табелата. Лидер е Вардар со 44 бода. Утре Вардар му гостува на Еурофарм Пелистер во меч којшто може многу да реши за титулата (почеток 19 часот). Последната двојка за ова коло е Бутел – Тиквеш (утре од 18 часот).
Share this post: