TheNorthmacedoniaTime

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба убиен во американско-израелските напади

2026-03-01 - 12:07

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба, Голамреза Резајан, е убиен за време на нападите на САД и Израел врз Исламската Република, јавија локалните медиуми. „Генерал Голамреза Резајан, шеф на националното полициско разузнавање, е убиен по вчерашните непријателски напади“, објави новинската агенција Фарс (Fars), заедно со други медиуми. Иранската телевизија претходно соопшти дека во нападите е убиен и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави. Официјалната иранска новинска агенција ИРНА пренесе дека Али Шамкани, висок политички функционер на врховниот водач Али Хамнеи и секретар на иранскиот Совет за одбрана исто така е убиен во американско-израелските напади врз Техеран. Главниот командант на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Пакпур, исто така е убиен. МИА

Share this post: